- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 529.05 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 23, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-600/13
„Тужениот на ден 20.12.2011 година донел одлука за откажување на договорот за вработување на тужителката поради деловни причини. Кај тужениот била одржана седница на Управниот одбор на 16.12.2011 година и била донесена одлука за измена на систематизација на стручната служба и опис на работните места од 26.11.2010 година со која се укинува работното место администратор на кое работно место работела тужителката, поради структурни и организациони промени и со укинување на работното место администратор, престанала потребата од тужителката вработена на тоа работно место. Во образложението било наведено и дека тужениот не бил во можност да ѝ понуди на тужителката вработување кај друг работодавец, односно немало потреба за нејзино стручно оспособување за работа на друго работно место кај него или кај друг работодавец, ниту било можно склучување на нов договор за друго работно место, па тужениот морал да ја донесе оспорената одлука.
Видно од материјалните докази изведени во текот на постапката и тоа од извештајот за привремена спреченост за работа за тужителката, со податоци за спреченост за период од 09.12.2011 година до 22.12.2011 година произлегува дека на тужителката ѝ престанал работниот однос во периодот кога истата користела боледување, односно била спречена за работа поради негување на болно дете до тригодишна возраст.
Според чл. 101, ст. 1 од ЗРО, Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работничките за време на бременоста, раѓање и родителство и отсуство поради нега и чување на деца.
Согласно со горе цитираната законска одредба произлегува дека работодавачот не може да го откаже договорот за вработување додека работникот користи боледување поради нега и чување на деца, па како тужениот одлуката за престанок на работниот однос на тужителката од 20.12.2011 година ја донел кога истата била на боледување поради нега на дете кое нешто се потврдува од електронската пошта од 26.12.2011 година и од 23.12.2011 година и од увидот во извештајот за привремена спреченост за работа за период од 09.12.2011 година до 22.12.2011 година иако знаел за ситуацијата на тужителката и дека не смее да ја донесе оспорената одлука, а доколку повеќе што и самиот тужен на записник констатирал дека одлуката со која на тужителката ѝ бил откажан договорот за работа ќе стапи во сила кога истата нема да користи боледување за нега на дете, оттука правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот постапил спротивно на закон кога ги донел оспорените одлуки во време кога тужителката користела боледување поради нега на нејзиното дете.”