- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 537.99 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 20, 2015
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1407/14
„Во конкретниот случај, на првотужената ѝ бил изречен престанок на работниот однос со решение за откажување на договорот за вработување без отказен рок бр.04-219 од 29.09.2010 година поради што истата поднела тужба за поништување на наведеното решение за што била донесена пресуда РО.бр.1440/10 од 05.07.2012 година со која тужбеното барање и било одбиено како неосновано, а потоа со пресуда на Апелациониот суд РОЖ.бр.2174/12 од 07.02.2013 година била потврдена првостепената пресуда, а ревизијата по предметот од страна на Врховниот суд на РМ била одбиена како неоснована со пресуда Рев3.бр.102/2013 од 12.12.2013 година.
Исто така, од спогодбата за признавање и враќање на долгот на 24-месечни рати бр.03-200 од 15.09.2010 година, судот неспорно утврдил дека второтужената ја потпишала, но дека истата не вратила ништо од износот за кој што биле солидарно задолжени. (...)
Така, согласно со чл. 156, ст. 1 од ЗРО, работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност му предизвика штета на работодавачот е должен да ја надомести, според ст. 2 од истиот член, ако повеќе работници предизвикаат штета секој, меѓу нив е одговорен за оној дел на штетата што го предизвикал, според ст. 3 од истиот член, ако за секој работник не е можно да се утврди колкав дел од штетата предизвикал, сите работници се еднакво одговорни да ја надоместуваат штетата во еднакви делови и според ст. 4 од истиот член ако повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво дејствие за штетата се солидарно одговорни.
Оттука, произлегува дека правилно првостепениот суд утврдил дека првотужената предизвикала штета кај тужителот изразена како кусок во работењето, дека по извршените пописи кај тужителот бил утврден кусок од 202.077,00 денари, а имајќи го предвид фактот дека во периодот од 23.04.2009 година до 11.09.2010 година во продавницата работеле тужените, па според тоа и правилно утврдил дека истите се солидарно одговорни согласно чл. 156 од ЗРО, бидејќи како вработени од тешка небрежност му предизвикале штета на работодавачот, па затоа се должни истата солидарно да му ја надоместат.”