- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 527.69 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 13, 2011
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1041/11
„Неспорен е фактот дека работното време според договорот за работа е од 08:30 часот до 16:30 часот, а според упатството за работно време во Царинската управа било предвидено флексибилно помеѓу 08:30 и 08:45 часот, а завршувало помеѓу 16:30 и 16:45 часот.
Неспорен е фактот дека (...) тужителот не се евидентирал кога излегол од зградата и кога повторно се вратил во просториите и не го известил непосредниот раководител.
Според т. 2 од правилата за ред и дисциплина е предвидено дека вработените се должни да ги почитуваат работното време, да се придржуваат на распоредот на работното време во организационата единица каде што работат. Должни се своето влегување и излегување и од работните простории да го евидентираат на контролните апарати за евиденција на работното време. Според т. 34 од овие правила е предвидено дека вработените се должни да постапуваат согласно правилата за ред и дисциплина, а секое постапување спротивно на нив ќе биде предмет на дисциплинска одговорност.
Според т. 45 од упатството за работно време, предвидено е дека вработените во Царинската управа се должни да го регистрираат времето на секое влегување и излегување од просториите на Царинската управа на поставените читачи на магнетни картички и тоа: при доаѓање и заминување од работа и при излегување од просториите на Царинската управа во текот на работното време.
Според чл. 58, ст. 1, т. 1 и 7 од Законот за Царинска управа, царинскиот службеник е должен работните задачи да ги врши совесно, стручно, ефикасно, уредно и навремено во согласност со Уставот, законот и прописите на Царинската управа и да го почитува пропишаното работно време.
Според чл. 81, ст. 1, т. 1 од ЗРО предвидено е дека се дава отказ на договорот за вработување ако работникот не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот и според ставот 2 од овој член е предвидено дека со закон, Колективен договор и со правилата на работодавачот за работниот ред и дисциплина може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина.
Како во конкретниот случај е утврдено дека тужителот не се евидентирал кога излегол од работните простории и отишол во ресторанот и при повторното враќање на работа во просториите во зградата повторно не се евидентирал ниту, пак, за овој излез – напуштање на работните простории не го известил непосредниот раководител, основано во смисла на претходно наведените законски одредби тужениот на тужителот му го откажал договорот за вработување, а првостепенот суд погрешно го применил материјалното право кога тужбеното барање на тужителот го усвоил.”