- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 312.46 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 4, 2013
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-666/13
„Во жалбата на тужителот се наведува дека (...) тужителот не работел 12 часа, туку работел 8 часа дневно што не значи дека направил повреда на работата по однос на работното време, особено ако се има предвид фактот дека тој имал писмен договор за вработување со тужениот договорено на полно работно време од 40 часа неделно, а доколку би работел 12 часа, тогаш неговото работно време ќе изнесувало 48 часа неделно што е спротивно на договорот. (...)
По однос на жалбениот навод за промена на работното време во договорот за вработување, овој суд најде дека истиот е неоснован од причина што, на бензиската станица каде што работел тужителот работното време било утврдено во турнуси по 12 часа, кое тужителот бил должен да го почитува и да се придржува како и останатите работници кај тужениот. (...)”