- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 325.03 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 2, 2013
- Последна промена август 15, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-871/13
„Во конкретниот случај видно од оспорената одлука, нема образложене на основот и причините за откажувањето на договорот за вработување од деловни причини, што е од суштествено значење на престанокот на работниот однос. Исто така, во случајот тужениот пред да ја отпочне постапка немал донесено програма, ниту елаборат за причините за спроведувањето на постапката за намалувањето на бројот на вработените или укинувањето на одредени работни места, за бројот и структурата на работниците кои ќе бидат опфатени со оваа програма и други активности согласно ЗРО, Колективен договор и препораката на Меѓународната организација на трудот. Работодавачот мора за својата намера за да отпочне постапка за технолошки вишок да изготви програма или елаборат кои се причините за да отпочне таква постапка, дали се од финансиска природа, дали се организациона природа, или од друга природа поради која сака да ја спроведе постапката. Во случајот таквата намера не е искажана никаде ниту во програма, ниту во елаборат.”