- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 535.14 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 16, 2011
- Последна промена август 15, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-719/11
„Во Соопштение донесено од генералниот директор на М. Л. АД Скопје број 4001-03/72 од 23.03.2010 година е наведено дека се соопштуваат сите работници кои што се стапени во штрајк, дека генералниот директор на Друштвото донел одлука дека нема да отпочне со преговори со членовите на штрајкувачкиот одбор по однос на поставените барања, а исто така нема да даде предлог за спогодбен договор за правилата на производно-одржувачки и нужни работи кои ќе се одвиваат за време на штрајкот од причина што штрајкот воопшто не е организиран согласно одредбите од ЗРО, поточно од чл. 236. Во ст. 5 од Соопштението е наведено дека од страна на работниците, уште со прекинот на работата и со отпочнувањето на штрајкот на 22.03.2010 година, се прекршени одредбите од чл. 236 од ЗРО кои се однесуваат на начинот на организирање и стапување во штрајк, односно штрајкот не беше навремено писмено најавен, ниту беа наведени причините, местото и времетраењето на штрајкот, а ниту пак беше направен обид за започнување на постапката за помирување. Од наведените причини генералниот директор на друштвото одлучил воопшто да не пристапува кон преговори со работниците, туку напротив да започне да дели решенија за раскинување на договорите за вработување. Генералниот директор на друштвото со наредба број 02--4/78 од 25.03.2010 година, поради огромните штети коишто се трпат поради престанокот со работа и заради исполнување на роковите за испорака према купувачите, бидејќи постојат најави за откажување на нарачаните количини, наредил на ден 26.03.2010 година (петок) во 14:00 часот 2-ра смена да се отпочне со работа. Во т. 2 од наредбата е наведено дека со работа ќе отпочнат само оние работници коишто лично ќе бидат повикани од страна на непосредните раководители. Во т. 3 од наредбата е наведено дека поради штрајкот којшто не е во согласност со Законот и Колективниот договор, на вработените коишто не се повикани на работа од страна на своите раководители, им се забранува пристап во кругот на фабриката. Непридржувањето кон оваа наредба претставува тешка повреда на работничката дисциплина и истото ќе биде казниво во согласност со Законот. Поради силен притисок на вработените и незадоволството предизвикано од висината и ненавремената исплата на платата, штрајкувачкиот одбор донел Одлука за стапување во штрајк во која во т. 1 е наведено дека работниците во М. Л. АД Скопје стапуваат во штрајк, односно спонтаниот прекин на работа од 22.03.2010 година го трансформираат во штрајк кој продолжува на 24.03.2010 година. Штрајкот ќе се одвива во кругот на Друштвото пред производните хали. Штрајкот се организира како облик на притисок врз работодавачот за остварување на поставените барања на работниците за исплата на платите и потпишување на Колективниот договор и друго. Оваа одлука не е заведена со број и штембил од страна на синдикатот, на истата нема округли печат, а е потпишана од 5 члена од штрајкувачкиот одбор. Дополнително, Генералниот директор на друштвото донел одлука за откажување на договорот за вработување со отказен рок број 04-02/60-21 од 22.03.2010 година, со која на работникот Д. Д. на работно место виљушкарист му е откажан договорот за вработување број 02-04/334-115 од 31.12.2009 година, со отказен рок од 1 месец, сметано од 23.03.2010 година. Во образложението на оваа одлука е наведено дека работникот Д. Д. на ден 22.03.2010 година ја прекршил работната дисциплина и учествувал во штрајк што е организиран на начин којшто не е во согласност со ЗРО и КД. Против наведената одлука тужителот поднел благовремен приговор број 04/101 на 29.03.2010 година. Незадоволен од донесената одлука, тужителот до тој суд на 21.04.2010 година поднел благовремена тужба. (...)
(...) правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека штрајкот не бил организиран согласно одредбите од ЗРО, третирајќи го истото како претходно прашање, а заради утврдување на законитоста, односно незаконитоста на оспорената одлука. Сигурно дека без расправање на прашањето за легитимноста, односно нелегитимноста на штрајкот, првостепениот суд не би имал услови да се впушти во утврдување на законитоста, односно незаконитоста на оспорената одлука, а со тоа и во основаноста, односно неоснованоста на тужбеното барање на тужителот.
(...) тужителот заедно со другите работници кои учествувале во штрајкот не работеле осум дена и дека процесот на работа бил прекинат, и покрај тоа што истиот имал сознанија за известувањата на тужениот за враќање на работа, но тоа не го сторил. Во конкретната правна работа не се работи за престанок на работен однос поради неоправдано отсуство, туку поради учество во штрајк организиран спротивно на одредбите од ЗРО.
Во жалбата тужителот наведува дека првостепениот суд не се произнел по наводите на тужителот за повреда на правата и одредбите од Конвенцијата бр. 158 и Препораката бр. 166 на МОТ за престанок на работниот однос на иницијатива на работодавачот.
Ваквиот жалбен навод, според мислењето на овој суд, е неоснован од причина што видно од обжалената пресуда произлегува дека првостепениот суд се произнел по однос на така истакнатите наводи, и оценил дека во конкретниот случај се работи за утврдена причина за престанок на работниот однос на тужителот, а тоа е учество во штрајк организиран спротивно на одредбите од ЗРО.”