Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1593/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 353.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 18, 2012
  • Последна промена август 15, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1593/11

„(...) Во договорот во чл. 7 предвидено е дека работникот е должен на барање на работодавачот да врши работи преку полното работно време, меѓу другите и во случаи на зголемување на обемот на работа ако е потребно продолжување или завршување на деловниот процес. Во чл. 9 е предвидено дека работникот е должен совесно, дисциплинирано, редовно и во се да постапува согласно Законот, Колективниот договор и правилата на работодавачот за времетраењето на договорот за вработување. Во критичниот период во одделението за време и методи се работело на извозна програма за проектот Сименс 180-МВ/10 за кој биле предвидени прецизни рокови за завршување. Поради зголемениот обем на работа во одделението менаџерот – раководител на одделението издал писмен налог одредена група на работници, меѓу кои и тужителот да дојде на прекувремена работа на 17.4.2010 година – сабота за да може одделението да го заврши проектот во дадениот рок. Тужителот бил запознаен со планското работење и итноста на работата, како и за потребата да се јави на наведениот ден на работа, а тужителот не постапил по издадениот налог и не дошол на работа. Поради недоаѓањето на тужителот, други работници ја завршиле работата на тужителот. (...) Основ за откажување на договорот за вработување претставува непочитување на работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот, несовесно, ненавремено извршување на работните обврски, одбивање на работните задачи со продолжено работно време кога истите се неопходни, а се преземаат согласно Законот, непочитување, односно одбивање писмена или усна наредба од претпоставениот и напуштање на работното место без дозвола на раководниот работник. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1001/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право