Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.73/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 252.11 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 28, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.73/2016

„(...) доколку работникот продолжи да работи по истекот на рокот од пет години на исти работи во смисла на одредбата од член 46 став 1 од Законот за работните односи, работниот однос се трансформира од определено во работен однос на неопределено време. Ваквото правило за редовна трансформација на работниот однос, не е од апсолутен карактер, што ќе рече дека Законот за работни односи со одредбата од член 46 став 4 предвидел можност за трансформација на работниот однос од определено во работен однос на неопределено време по исклучок и тоа кога (1) работникот работи повеќе од две години; (2) работното место да е ослободено по основ на пензионирање или други основи; (3) за работното место да се обезбедени финансиски средства и (4) работодавачот да утврди дека има трајна потреба од работникот. Со кумулативно исполнување на наведените законски претпоставки, според цитираниот член, работниот однос на работниот по исклучок се трансформира од работен однос на определено во работен однос на неопределено време.

Подведувајќи ги цитираните законски одредби, под утврденото од страна на пониските судови, според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, правилно е стојалиштето на првостепениот суд дека во конкретниот случај се исполнети законските претпоставки за трансформација на работниот однос на тужителот од определено во работен однос на неопределено време. Ваквото правно сфаќање, произлегува од утврдениот и неспорен факт дека тужителот е во работен однос кај тужениот без прекин повеќе од пет години, на работно место наставник по физичка култура, како и фактот дека дека продолжил да работи кај тужениот и по истекот на рокот од пет години. Во оваа насока, во смисла на член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи, според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија во конкретната правна работа се исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителот од определено во работен однос на неопределено време.

Стојалиштето на второстепениот суд дека не се обезбедни финансиски средства за работното место на тужителот, не наоѓа примена во конкретниот случај бидејќи правото на трансформација на работниот однос на тужителот произлегува од член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи, со кој се определени условите за редовна трансформација на работниот однос. Вршењето на исти работни задачи со прекин или без прекин на определено време, повеќе од пет години, претставува основ за трансформација на работниот однос од определено во работен однос на неопределено работно време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-543/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право