Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.1/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 505.20 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 4, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.1/2019

„Правилно второстепениот суд го применил материјалното право и според утврдената фактичка состојба од која произлегува дека тужителката била во работен однос кај тужениот од 27.10.2010 година до 01.09.2017 година, согласно член 46 став 3 од Законот за работните односи го усвоил тужбеното барање на тужителката.

Ова од причина што во конкретниот случај произлегува дека на тужителката кај тужениот врз основа на повеќе договори за работа и анекси на договори за работа работела на ослободено заменско работно место по одделенска настава на определено работно време од 27.10.2010 година па до 01.09.2017 година, односно се до враќање на работникот кој го заменува. Оттаму во смисла на член 46 став 1, 3 и 4 од Законот за работните односи, правилно второстепениот суд прифатил дека во случајот правото за трансформација на работниот однос произлегува од одредбата од член 46 став 3 од Законот за работните односи, со кој е предвидено работникот да работи повеќе од 5 години на определено работно време и да продолжи да работи и по истекот на тој рок. Според утврденото, тужителката имала повеќе од 5 години работен стаж кај тужениот на работно место наставник по одделенска настава.

Судот ги одби како неосновани ревизиските наводи дека не се исполнети условите од член 46 став 3 од Законот за работните односи и на тужителката не може и да се трансформира работниот однос од определено во неопределено работно време бидејќи и престанал работниот однос кај тужениот.

Неоснованоста на ваквите наводите произлегува од фактот што во моментот на поднесување на тужбата, тужителката била во работен однос кај тужениот и без оглед што истата со Одлука од 09.01.2018 година, тужителката работи во ООУ „А. Н.“ с. Н.М., односно повеќе не работи кај тужениот, произлегува дека тужителката ги исполнила условите за трансформација на работниот однос на неопределено работно време, со оглед дека кај тужениот работела подолг период од 5 години, односно од 27.10.2010 до 01.09.2017 година. Во конкретниот случај исполнети се условите за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време, а донесената одлука за престанок на работниот однос на тужителката, не претставува пречка за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-366/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право