Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.19/2020

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 552.78 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 13, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.19/2020

„Согласно утврденото произлегува дека тужителот кај тужениот работел 4 години и 9 месеци. Тужителот го исполнил условот за трансформација на работниот однос од определено работно време на неопределено време од аспект дека работел кај работодавачот повеќе од две години, но покрај овој услов тужениот не докажал дека ги исполнува и останатите услови од член 46 став 4 од Законот за работните односи, па така тужителот не докажал дека работното место било ослободено по основ на пензионирање имајќи предвид дека се работи за работно место на кое претходно работел директорот на тужениот, а кој продолжил да си ги држи часовите по престанокот на функцијата директор, ниту пак биле обезбедени финансиски средства за трајно финансирање, односно дека кај тужениот има трајна потреба од тужителот како работник. Во прилог на наведеното е и Огласот на тужениот од 19.12.2017 година со кој работното место за прием на наставник по предметот машинска струка, за кое била обезбедена согласност од Министерството бил на определено време.

Неосновани се наводите во ревизијата дека заснованиот работен однос на тужителот на ден 26.03.2013 година бил на работното место на лицето К. Р., поради смрт на истиот, дека второстепениот суд не постапил по напатствијата од ревизискиот суд и погрешно сметал дека работното место на тужителот било на претходниот директор, од причина што никаде и од никој во текот на постапката не било наведено дека работното место на тужителот било на претходниот директор.

Второстепениот суд постапувајќи по напатствијата од ревизискиот суд во решението Рев3бр.29/2019 од 20.06.2019 година, правилно утврдил дека тужителот засновал работен однос кај тужениот на определено време со склучување на повеќе договори за работа и тоа почнувајќи од 26.03.2013 година, меѓутоа од договорите не произлегло дека тужителот е примен на упразнето работно место по основ на смрт на работник како што тврди тужителот и дека за ова работно место се обезбедени трајни финансиски средства. Во тој контекст првостепениот суд утврдил, а тоа го прифатил и второстепениот суд, дека врз основа на известување од Министерството бр. 12-1094/2 преку Градоначалникот на Општина Ш. со писмо број 09-5176/6 од 05.12.2017 година, за вработување на лица на определено време (старо финансирање) во средните училишта за учебната 2017/2018 година се обезбедени средства.

Од тука правилен е заклучокот на второстепениот суд дека тужителот не докажал дека била утврдена трајна потреба од наведеното работно место - наставник по наведениот предмет бидејќи тужениот распишал оглас за работно место за прием на наставник по предметот од машинска струка на определено работно време, по обезбедена согласност од Министерството и бил примен друг работник. Имајќи го предвидe утврденото, правилен е заклучокот на второстепениот суд дека не бил исполнет наведениот услов ниту бил исполнет условот да се обезбедени трајни финансиски средства за тоа работно место на кое тужителот работел. Предвид вака утврденото, не се исполнети условите од член 46 став 4 од Законот за работните односи, поради што правилно второстепениот суд одлучил кога го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот.”

Претходно Пресуда на Основен суд Охрид РО-4/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право