Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.139/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 227.15 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 17, 2018
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.139/2017

„(...) второстепениот суд правилно го применил материјалното право кога раководејќи се од одредбите од член 181, член 6, член 7, член 8 и член 10 од Законот за работните односи, член 3, член 4 и член 5 од Законот за спречување и заштита од дискриминација и член 130 и член 131 од Законот за основно образование тужбеното барање на тужителот го одбил како неосновано.

Имено, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија со решението од 30.08.2013 година со кое тужителот бил разрешен од функцијата помошник директор и со решението од 02.09.2013 година со кое сметано од 01.09.2013 година тужителот бил задолжен да ги извршува работите и работните задачи како помошник библиотекар не е извршена дискриминација на тужителот по однос на неговата возраст, на кој основ за дискриминација со повикува тужителот, односно тужителот не е ставен во понеповолна положба во однос на другите лица. Ова, бидејќи фактот што тужителот вршел функција директор и помошник директор повеќе години и бил со вкупно работен стаж од 39 години, не значи дека со распоредувањето на работно место помошник библиотекар му е повредено достоинството и угледот помеѓу другите вработени, а ниту, пак, тужителот докажал дека тужениот нееднакво постапувал со него или дека е создадено понижувачко или навредливо однесување со што би биле повредени правата на тужителот.

Оттука, по наоѓање на овој суд самото донесување на предметните одлуки со кои тужителот е разрешен од функцијата помошник директор и е распореден на работно место помошник библиотекар, не може да претставува дискриминација на тужителот, а ниту, пак, е повредено неговото право на еднаков третман, во смисла на одредбите од член 6 и 7 од Законот за работните односи и член 3, член 4 и член 5 од Законот за спречување и заштита од дискиминација, поради што правилно постапил второстепениот суд кога тужбеното барање на тужителот да се утврди дека тужениот го повредил правото на еднаков третман на тужителот и врз таа основа да се поништат решенијата со кој тужителот е разрешен од функцијата помошник директор и е распореден на работно место помошник библиотекар го одбил како неосновано.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.145/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право