- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 583.08 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 18, 2019
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.28/2019
„Тргнувајќи од содржината на цитираните законски одредби кои се применуваат во конкретниот случај, а со оглед дека тужителката согласно член 79-г од Законот за основно образование има статус на давател на јавни услуги, неосновани се и наводите во ревизијата дека второстепениот суд погрешно оценил дека не се исполнети условите за трансоформација на работниот однос на тужителката од член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор. Ова од причина што иако тужителката била вработена на определено време кај тужениот повеќе од 2 години, во ситуација кога не била обезбедена согласност за трансформација на нејзиниот работен однос од определено на неопределено време, од органот кој е надлежен за давање на согласност на годишниот план за вработување на институцијата во однос на буџетот, согласно член 22 став 15 од Законот за вработените во јавниот сектор и по наоѓање на овој суд, правилно е стојалиштето на второстепениот суд дека во случајов не биле исполнети со закон предвидените кумулативно исполнети услови за трансформација на работниот однос. Ова со оглед на правилно утврденото дека и во Известувањето на Министерството бр.12-13822/2 од 01.12.2016 година, а на кое се повикува тужителката во поткрепа на фактот дека била обезбедена согласност од надлежниот орган, јасно стои дека се обезбедени финансиски средства за вработување на 24 лица на определено време кај тужениот. Оттука неприфатливо е тврдењето на ревидентот дека тоа известување претставува согласност за трансформација на работниот однос.
Правилен е ставот на второстепениот суд дека околноста што во договорите за вработување на определено време не бил наведен периодот за кој се склучени, никако не значи дека се работи за договор на неопределено време, како што заклучил првостепениот суд, бидејќи во истите јасно стои дека се склучени за определено време, па оттука решението на тужениот бр.02-50/1 од 02.03.2018 година, со кое на тужителката ѝ престанал работниот однос поради истек на договорот, а со оглед дека нов договор за вработување на определено време не бил склучен, е законито.
За ревизиските наводи дека тужениот има трајна потреба од работник бидејќи во систематизација кај тужениот за работно место наставник во одделенска настава се предвидени 28 извршители, во кои е вклучено и работното место на тужителката, а дека Министерството дало согласност и за 29 извршители, како и наводите дека тужителката работела кај тужениот подолго од две години, на работно место кое било испразнето поради заминување на наставник во странство, па дека се исполнети условите за трансформација од член 46 став 4 од Законот за работни односи и дека се работи за старо финансирање, за кое не е потребна согласност од органот, овој суд оцени дека се без влијание за поинакво одлучување.”