- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 561.06 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 23, 2020
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.91/2019
„(...) имајќи го предвид утврденото дека тужителката засновала работен однос кај тужениот на определено време со прекин повеќе од пет години на исти работи како наставник по македонски јазик и дека продолжила да работи по истекот на овој рок, произлегува дека се исполнети законските услови за трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време во смисла на член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи. Правилно оценил првостепениот суд дека од влијание за основаноста на тужбеното барање е тоа што тужителката на 07.11.2017 година поднела барање за трансформација на работниот однос до тужениот додека сеуште била во работен однос кај тужениот, кој и престанал на 13.11.2017 година, со што постапила согласно член 181 став 1 од Законот за работните односи в.в. со член 46 став 3 од истиот закон.
Притоа, фактот што тужителката засновала работен однос кај тужениот на определено работно време поради замена на привремено отсутен работник, не претставува пречка за трансформација на работниот однос, од причина што ваквата можност претставува само законски предвиден случај кога може да се заснова работен однос на определено време. Од суштествено значење во конкретниот случај е дека тужителката работела повеќе од пет години на исти работи и продолжила да работи по истекот на пет години, поради што во смисла на член 46 став 1 во врска со став 3 од Законот за работните односи, ги исполнува условите за трансформација на работниот однос од определено во работен однос на неопределено работно време.”