Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.150/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 540.41 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 11, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.150/2018

„Имено, во конкретниот случај тужителката кај тужениот работела повеќе од две години, кај тужениот бил изготвен годишен план за вработување, кој бил одобрен од градоначалникот, а од Министерството биле обезбедени финансиски средства за трајно вработување, односно во смисла на член 22 став 15 од Законот за вработените во јавниот сектор, тужениот имал основ работниот однос на тужителката да го трансформира од определено на неопределено време по истекот на две години, иако било ослободено работно место по основ на пензионирање. Особено што, станува збор за работно место секретар кое е од траен карактер, а било ослободено по основ на пензионирање, што значи дека тужениот требал да вработи лице на неопределено време, а не да склучува договори на определено време. Непостапувањето на тужениот како работодавач на наведениот начин и склучување на договори на определено време кои не се во согласност со член 22 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор не треба да бидат на штета на тужителката, од причина што работодавачот е одговорен за правилно и законито спроведување на одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи.

Од наведеното произлегува дека во конкретниот случај исполнети се условите за трансформирање на работниот однос од определено на неопределено време поради што правилно првостепениот суд го усвоил тужбеното барање на тужителката.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.11/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право