- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 243.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 21, 2016
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.1/2015
„(...) пониските судови согласно вештачењето, како и повикувајќи се на член 82 став 1 точка 6, член 85 и член 86 од Законот за работните односи, нашле дека тужбеното барање на тужителот е неосновано. Имено, судовите заклучиле дека при донесување на оспорената одлука тужениот спроведувајќи дисциплинска постапка, ги утврдил повредите за кое постоело сомнение дека тужителот ги сторил и истата била спроведена согласно Кодексот за етичко и деловно однесување кај тужениот. Имено, предметниот материјал бил модел кој претставувал деловна тајна изработен од цевни елементи за симулирање, внесување и манипулација при монтажа на цевните сегменти за облање на Тољансакиот тунел, за што тужениот имал доставено понуда за изработка, испорака и монтажа. Со давање на увид и позајмување на моделот на фирмата која била директен конкурент за таа работа, тужителот сторил кршење на работниот ред и дисциплина и оддавање на деловна тајна, на начин што на конкурентната фирма и го оддал начинот за монтажа на сегментите за облагање на тунелот, со што го повредил кодексот на етичко и деловно однесување на тужениот, според кој се забранува било какво преговарање и договарање со конкурентските фирми, без претходно одобрение или совет даден од генералниот директор или друг соодветен менаџер во друштвото.
Имајќи го предвид погоре наведеното, овој суд наоѓа дека пониските судови правилно постапиле кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката за договорот за вработување на тужителот.
Врховниот суд на Република Македонија го ценеше ревизискиот навод дека дејствијата кои ги презел тужителот не претставувале оддавање на деловна тајна и дека истите не биле причина за донесување на одлука за отказ од работен однос поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок, но најде дека истите се неосновани од причина што со самото давање на увид и позајмување на моделот на конкурентната фирма, тужителот постапил спротивно на интересите на друштвото, како и на кодексот на етичко и деловно однесување. Имено, како што и самиот тужител во писмено дадена изјава од 01.11.2012 година, признава дека постапил непромислено и направил глупост, не придавајќи големо значење на моделот, без притоа да се консултира со директорот за истото, а дотолку повеќе што тужителот во изјава од 17.02.2010 година, изјавил дека ќе ги чува сите документи и податоци врзани за извршување на работните задачи и податоците за работењето на друштвото и чие соопштување на трети лица би било спротивно на интересите на друштвото.”