- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 331.37 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 17, 2016
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.12/2015
„Овој суд согласно член 80 став 2 од Законот за внатрешни работи, член 32, член 34 став 1, член 72 став 1 точка 1, член 86, член 100, член 101 и член 103 од Колективниот договор на МВР, член 102 став 1 од Законот за полиција, најде дека ангажирањето на тужителот за работа подолго од полното работно време се вршело врз основа на наредби за прекувремена работа, па остварените часови прекувремена работа на тужителот во наредбите биле евидентирани во Книгата за евиденција на работните часови по месеци. За период од 01.05.2009 година до 14.06.2011 година биле евидентирани вкупно 1356 прекувремени часови, од кои му биле исплатени 522 часа, а останале неисплатени 786 прекувремени часови, па на тужителот му следувал надомест по тој основ во износ од вкупно 170.089,00 денари, поради што основан е ревизискиот навод на тужителот во врска со надоместокот за прекувремена работа.”