Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.532/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 404.83 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 12, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.532/2015

„Второстепниот суд ја преиначил првостепената пресуда во делот за исплата на 13-та плата и го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот во овој дел, наоѓајќи дека првостепениот суд на правилно утврдена фактичка состојба првостепениот суд погрешно го применил материјалното право. Според стојалиштето на второстепениот суд, во Колективниот договор не било предвидено дека работодавачот е должен на работникот да му исплати 13-та плата, а тоа не произлегувало ниту од членот 105 став 4 од Законот за работни односи, при што дал доволно образложени причини а со кои што во целост се согласува и овој суд.

Имено, согласно член 56 став 2 и 3 од Колективниот договор на тужениот, работодавачот на вработените им исплаќа 13-та плата. Работодавачот може на вработените наместо исплата на 13-та плата да им запише акции во функција на зголемување на основната главнина на банката и поголема поврзаност и лојалност кон банката, а врз основа на посебен акт на работодавачот.

Согласно член 105 став 4 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ“ бр.158/10), работодавачот може на работникот да му исплати 13-та плата доколку работодавачот има можност да ја исплати.

Поаѓајќи од погоре цитираните законски одредби, како и одредбите од Колективниот договор, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно второстепениот суд заклучил дека на тужителот не му следува исплата на 13-та плата за 2011, 2012 и сразмерен дел за 2013 година, бидејќи во Законот за работни односи не е опредлена задолжителна обврска на работодавачот да исплаќа 13-та плата на работникот, бидејќи оваа одредба упатува на исплата само доколку работодавачот има можност да ја исплати, но не е должен тоа да го стори. Ваква облигаторна обврска за тужениот не се предвидува ниту со Колективниот договор на тужениот. Ова од причини што е дадена алтернатива на работодавачот како можност за исплата на 13-та плата или наместо исплата на 13-та плата на вработените, работодавачот да може да им запише акции на вработените врз основа на посебен акт. Во конкретниов случај таков посебен акт не е ни донесен. Дотолку повеќе што и првостепениот суд при одлучувањето утврдил дека за спорниот период кога тужителот бара исплата на 13-та плата тужениот имал негативна финансиска состојба, односно за 2011 и 2012 година, а за 2013 година, тужениот се обидувал да финансиската загуба ја намали. Меѓутоа, како што е погоре наведено и за 2013 година иако тужениот имал одредена добивка оставена е можност на работодавачот да цени дали според таа остварена добивка ќе има можност и за исплата на 13-та плата на вработените.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-295/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право