Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.532/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 404.83 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 12, 2017
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.532/2015

„Согласно член 12 став 4 од Законот за работни односи, правата од работен однос утврдени со Устав, закон и колективен договор не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавачот.

Согласно член 64 од Колективниот договор на тужениот, вработениот има право на надоместок за годишен одмор во висина до 100%, но не помалку од 80% од месечната плата по вработен, исплатена кај работодавачот во последните три месеци.

Поаѓајќи од погоре цитираните одредби, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, при утврдени факти дека тужениот донел одлука УО.бр.02-4919/2 од 27.12.2011 година со која одобрил исплата на надоместок за годишен одмор во висина од 55% од просечната месечна бруто плата по вработен исплатена во банката во последните три месеци и донел одлука УО.бр.02-4514/2 од 28.12.2012 година, со која определил на работниците да им се исплати надоместок за годишен одмор за 2012 година во износ од 12.000,00 денари, истиот постапил спротивно на член 12 став 4 од Законот за работни односи, бидејќи во Колективниот договор е предвидено дека исплатата на регресот не смее да биде помала од 80% од просечната плата по работник. Исто така, Законот за работни односи нема одредба која што остава можност за намалување на износите на име годишен одмор зависно од финансиската состојба на тужениот, како што тоа е предвидено во Законот за работни односи, за исплата на 13-та плата. При ваква состојба, кога со одлуки на работодавачот е ограничено, односно повредено правото за правичен надомест за годишен одмор на тужителот, по наоѓање на овој суд, произлегува основаноста на тужбеното барање на тужителот, бидејќи тужениот е должен да му ја исплати на тужителот разликата за надомест за годишен одмор – регрес за 2012 и 2013 година во висина на досудените износи од страна на првостепениот суд, при што првостепениот суд дал доволно образложени причини, а кои во целост ги прифаќа и овој суд.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.532/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право