Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев2.бр.489/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.28 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 19, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев2.бр.489/2018

„(...) Правилно второстепениот суд ги применил одредбите од член 106 став 3, член 113 став 1 точка 1 и член 117 од Законот за работните односи, како и одредбата од член 24 и член 35 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и утврдил дека додатоците на плата за прекувремена работа, за бонус, за прекувремена работа, за работа на ден на неделен одмор, за работа на празници и за службени патувања, претставуваат различни правни основи за кои се предвидени посебни висини и услови кои работникот е потребно да ги исполни за да оствари право на нив. Ваквото право на тужителот произлегува и од одредбите од член 124 став 1 и став 2, член 124 став 5 и член 126 став 1 од Законот за работните односи, а ова и од причини што тужениот не докажал дека овие парични средства му биле исплаќани на тужителот. Дотолку повеќе што со извршеното вештачење неспорно е утврдено дека тужителот заради зголемениот обем на работа вршел работа подолго од полното работно време, а за тоа не користел слободни работни денови, односно дека на тужителот не му биле исплатени додатоците во плата за прекувремена работа, за бонус за прекувремена работа, работа на ден на неделен одмор, за работа во празници и надомест за службени патувања, во износите наведени како во пресудата, иако тужителот во спорниот период работел подолго од полното работно време по налог на својот претпоставен, не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, работел во денови на празник и неделен одмор, а притоа не користел слободни денови, од кои причини тужениот е во обврска да му ги исплати на тужителот бараните износи.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.142/2018
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право