Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.88/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.35 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 8, 2021
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.88/2019

„Овој суд се согласува со заклучокот на второстепениот суд дека фактот што тужителката не ја прифатила спогодбата за престанок на работниот однос со оглед дека истата ги исполнила условите за старосна пензија, како и фактот дека тужениот вршел прераспоредување на тужителката од една во друга Филијала, при состојба кога имало реална потреба за тоа и биле донесени одлуки за распоредување врз основа на кои биле составени анекси на договорот за вработување за времено распоредување на тужителката, не значи дека истата била дискриминирана по основ на возраст, односно дека тужителката била ставена во неповолна положба во смисла да била исклучена да користи одредно право, поради што не може да се смета дека тужениот сторил дискриминација поради возраст на тужителката. Во конкретниот случај тужителката ги остварила правата на заштита со тоа што истата ги оспорила одлуките за распоредување и воедно при распоредувањето во друга филијала, на тужителката и бил исплаќан надомест за одвоен живот.

Овој суд се согласува со второстепениот суд дека тужителката не докажала во што се состои неповолната положба во споредба со другите вработени, односно дека истата имала понеповолен третман и дека била исклучена да користи одредено право. Имено, неспорно е утврдено дека тужителката со соодветни правни акти е задолжена да ги извршува работните задачи на работно место во филијалата во К., поради потребата за извршување на работи и работни задачи во таа филијала поради замена на оправдано отсутен работник кој користел породилно отсуство, при што истата е задолжена да ги извршува работите и работните задачи на работно место со исто звање и со иста плата за соодветниот степен на стручна подготовка, работно искуство и компетенции.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-146/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право