Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.106/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 357.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 7, 2016
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.106/2015

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, во конкретниот случај правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителката. Правилно пониските судови утврдиле дека тужителката не секогаш и ненавремено ги извршувала работните задачи, истата нередовно се потпишувала во книгата за евиденција и користела годишен одмор кога за тоа самата ќе одлучела притоа прекинувајќи и продолжувајќи го одморот зависно од своите потреби и желби без притоа секогаш за истото да имала писмено одобрение од претпоставениот. Заради сето погоре наведено, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека правилен е ставот на пониските судови кога со примена на член 81 од Законот за работни односи го одбиле барањето на тужителката за поништување на решението на тужениот бр.04-267/1 од 10.09.2013 година со кое на тужителката и престанал работниот однос.

Врховниот суд на Република Македонија ги ценеше наводите на тужителката во ревизијата дека погрешно пониските судови го примениле член 81 став 1 точка 4 од Законот за работните односи кога нашле дека со тоа што тужителката нередовно се потпишувала во книгата за редовност на вработените во делот за присуство на работно место истата не го почитувала работниот ред и дисциплина заради што оправдано и бил даден отказ од работното место иако никаде не било предвидено дека непотпишувањето во книгата за редовност значи непочитување на работниот ред и дисциплина ниту пак е услов заради кој може да се изрече престанок на работен однос, но најде дека се неосновани.

Имено, од изведените докази неспорно произлегува дека кај тужениот била воведена книга за редовност на вработените која се смета како релевантен информатор за почетокот и завршетокот на работното време на вработените. Тужителката имајќи предвид дека имало донесена одлука од директорот на тужениот за тоа дека вработените треба да го почитуваат работното време, како и фактот дека биле истакнувани соопштенија на огласната табла за тоа дека вработените треба воопшто да го почитуваат работниот ред и дисциплина, истата била запознаена со обврската за почитување на работното време. Оттука, наведеното упатува на заклучок дека и покрај тоа што истата била запознаена за обрската за почитување на работното време некои денови свесно не се потпишувала во книгата за евиденција при заминување од работа што пак од друга страна упатува на заклучокот дека тужителката и не го почитувала и не се придржувала кон работното време, а кое непридржување е можност на работодавачот да му го откаже договорот за вработување на работникот согласно член 81 став 1 точка 4 од Законот за работни односи. Крајно, тужителката во текот на целата постапка не доставила докази од кои би произлегле други причини зошто истата не се потпишувала во книгата за евиденција, ако не станува збор за непочитување на воспоставеното работно време.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.106/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право