Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.106/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 357.73 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 7, 2016
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.106/2015

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, во конкретниот случај правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителката. Правилно пониските судови утврдиле дека тужителката не секогаш и ненавремено ги извршувала работните задачи, истата нередовно се потпишувала во книгата за евиденција и користела годишен одмор кога за тоа самата ќе одлучела притоа прекинувајќи и продолжувајќи го одморот зависно од своите потреби и желби без притоа секогаш за истото да имала писмено одобрение од претпоставениот. Заради сето погоре наведено, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека правилен е ставот на пониските судови кога со примена на член 81 од Законот за работни односи го одбиле барањето на тужителката за поништување на решението на тужениот бр.04-267/1 од 10.09.2013 година со кое на тужителката и престанал работниот однос. (...)

Врховниот суд на Република Македонија при одлучувањето ги ценеше и имаше во предвид наводите на тужителката дека истата постапила согласно член 81 став 1 точка 5 од Законот за работните односи кога писмено го известила тужениот за отсуство од работа од 30.08.2013 година кое отсуство ќе го покриела со неискористени денови од годишниот одмор од 2013 година за што ниту усно ниту писмено добила забрана за отсуство од работа, поради што не може да се смета дека со своето дејствие го прекршила работниот ред и дисциплина затоа што за истото немала писмено одбрение од страна на работодавачот, но најде дека се неосновани. Ова од причина што од доказите изведени во текот на постапката било утврдено дека кај тужениот бил донесен годишен план за користење на годишните одмори за 2013 година и доколку некој од вработените сакал да го прекине годишниот одмор требало да поднесе писмено барање кое требало да го одобри директорката кај тужениот. Во конкретниот случај неспорно е дека на тужителката и било одобрено користење на годишниот одмор за 2013 година во периодот од 15.07.2013 година до 21.08.2013 година, a тужителката била должна да се јави на работа на 22.08.2013 година. Co известување од 15.08.2013 година тужителката го прекинала годишниот одмор, a co известие од 20.08.2013 година го известила тужениот дека во периодот од 30.08.2013 година, па натаму ќе отсуствувала поради неодложни лични работи. За таквото отсуство тужителката не добила одобрение од директорката што истовремено упатува на заклучокот дека истата самоволно одлучила за престанок на годишниот одмор и повторно користење без за тоа да има одобрение од работодавачот. Оттука, и според овој суд правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителката без да добие било какво одобрение отсуствувала од работа, односно самоволно одлучувала за земање, прекинување и продолжување на годишниот одмор со што директно сторила повреда на работниот ред и дисциплина. Ова дотолку повеќе што кај тужениот co оглед на природата на работата задолжително било донесување на годишен план за користење на годишни одмори што значело предвремено планирање на годишните одмори. Според истиот за секој прекин и за доискористување на годишниот одмор било потребно писмено барање и писмено одобрување од претпоставениот, што во конкретниот случај не било сторено.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.106/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право