Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.132/2019

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 532.81 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 1, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.132/2019

„По наоѓање на ревизискиот суд, пониските судови правилно го примениле материјалното право од член 72, член 74 став 2, член 82 став 1 алинеја 1, член 85 и член 116 став 7 од Законот за работните односи, кога ја поништиле како незаконита спорната одлука за отказ на Договорот за вработување, од причини на вина без отказен рок, односно кога согласно член 102 став 1 од истиот закон, судовите го вратиле тужителот на работа на работно место соодветно на неговата стручна подготовка, образование и квалификации.

Во конкретниот случај, на тужителот со Одлука за откажување на Договорот за вработување без отказен рок заведена под број 0402-826 од 16.10.2017 година кај тужениот, му престанал работниот однос заснован со договорот за вработување број 0402-479/1 од 01.09.2014 година, на неопределено време на работно место професор по менаџмент, поради кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, односно поради неоправдано изостанување од работа три последователни работни дена, и тоа на 18.09.2017 година, 19.09.2017 година и 20.09.2017 година, во смисла на член 82 став 1 алинеја 1 од Законот за работните односи.

Според мислење на Врховниот суд на Република Северна Македонија, правилно пониските судови заклучиле дека од содржината на оспорената одлука со која на тужителот му бил откажан договорот за вработување од причини на вина без отказен рок, а поради неоправдано отсуство од работа три последователни работни дена, не било прецизно и јасно наведено за кои точно работни денови тужителот неоправдано отсуствувал од работа, а освен тоа и таквото отсуство не го поткрепил со докази.

Имено, за да на работникот му престане работниот однос по овој основ работодавачот е должен да ја докаже основаноста на причината за отказ, односно да докаже дека работникот сега тужителот не бил на работа три последователни работни дена, односно точно и поединечно да ги наведе деновите кога работникот отсуствувал од работа и да докаже дека тие денови работникот неоправдано не бил на работа. Во конкретниот случај, тужениот предметната одлука за престанок на работниот однос ја донел без да ја докаже основаноста на причината за отказ, и истата ја засновал само на писмената евиденција за присуство на работа која евиденција не се вршела секојдневно кај тужениот, како и таквата евиденција не била предвидена како законски начин за евиденција на присуство на вработени со оглед дека кај тужениот имало над 25 вработени, па во ваква ситуација тужениот законски бил должен да води електронска евиденција за присуство. Тужениот бил должен да го докаже основот на причината за отказ, односно неоправданото отсуство од работа на тужителот поткрепен и со други докази од кои би произлегла основаноста на одлуката, меѓутоа во конкретниот случај тужениот не докажал дека тужителот неоправдано отсуствувал од работа трите последователни конкретно наведени денови во одлуката за отказ. Ова од причина што во конкретниот случај постојат докази со кои всушност се утврдува дека тужителот во еден од трите последователни работни денови - 20.09.2017 година бил на работа и извршувал работни задачи, односно присуствувал на наставно - научен совет, и тоа како Декан на Факултетот за менаџмент.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.82/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право