Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.142/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 506.53 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 11, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.142/2018

„Во конкретниот случај, правилно судовите го примениле материјалното право и согласно одредбите од член 181 став 1, 2 и 3 од Законот за работни односи, ја отфрлиле како недозволена тужбата на тужителката, од причина што утврдиле дека во конкретниот случај тужителката пред поднесување на тужбата не побарала правна заштита пред работодавецот, за да стекне право за поднесување на тужба. Тужителката против предметната спогодба за раскинување на договор за вработување од 30.04.2015 година, не поднела приговор пред тужениот како работодавач, па со оглед дека тужителката не остварила претходна заштита на своето право пред работодавачот, во смисла на член 181 став од Законот за работни односи судот ја отфрлил како недозволена тужбата на тужителката.

Од утврденото, произлегува дека тужителката била вработена кај тужениот на работно место конфекциски шивач, а со спогодба за раскинување на договор за вработување од 30.04.2015 година, на тужителката ѝ престанал работниот однос. На спогодбата бил напишан денот на престанокот на работниот однос и на истата имало потпис и печат од тужениот како работодавач, и потпис на тужителката. Тужителката на 19.05.2015 година до ОЈО В. поднела кривична пријава против тужениот, за кривично дело - „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од член 380 став 1 од Кривичниот законик, по кое е поведена постапка К.бр.116/16, по која била донесена пресуда со која било утврдено дека тужениот и одговорното лице на тужениот сториле кривично дело - „Употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 став 1 од Кривичниот законик, затоа што спогодбата за раскинување на договорот за вработување од 30.04.2015 година ја приложиле пред надлежниот орган на Агенцијата ..., заради одјава на тужителката и покрај тоа што знаеле дека тоа не е вистина, односно дека тужителката не дала согласност да ѝ престане работниот однос, ниту пак тужителката своерачно ги потпишала соодветните податоци кои согласно одредбите од Законот за работните односи, задолжително и своерачно ги запишува работникот при склучување на спогодба за раскинување на договор за вработување.

Од овие причини, неосновани се и наводите во ревизијата на тужителката дека тужителката пред да поднесе тужба, усно поднела приговор пред тужениот дека не била повеќе во работен однос кај тужениот, и дека во случајот се бара ништовност на спогодбата согласно Законот за облигационите односи со кој не е предвиден рок за поднесување на тужба, но најде дека истите не се од влијание за поинакво одлучување. Имено, во конкретниот случај предмет на оцена е спогодба за престанок на работен однос, односно станува збор спор од работен однос, па правилно судовите ги примениле одредбите од член 181 од Законот за работни односи и со оглед на тоа дека тужителката го пропуштила предвидениот со закон рок за поднесување приговор и не побарала правна заштита пред работодавачот, судовите ја отфрлиле тужбата на тужителката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-388/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право