- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 837.08 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 4, 2020
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.120/2019
„Врховниот суд на Република Северна Македонија, наоѓа дека (...) пониските судови правилно го примениле материјалното право кога тужбеното барањето на тужителот го усвоиле и ги поништиле како незаконити известувањето за престанок на работен однос и одлуката за откажување на договор за вработување без отказен рок. Ова со оглед на утврденото дека во конкретниот случај не биле исполнети законските услови предвидени во Законот за работни односи за да може да се донесат известување за престанок на работен однос и одлука за откажување на договор за вработување без отказен рок.
Имено, согласно член 76, ст. 1 т. 1 од Закон за работни односи работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, кога не е можно продолжување на работниот однос, ако работникот заради своето однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина).
Согласно член 80 од истиот закон, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот од лични причини на страна на работникот, ако на работникот му се обезбедени потребните услови за работа и му се дадени соодветни упатства, насоки или писмено предупредување од работодавачот во врска со работата дека работодавачот не е задоволен од начинот на извршување на работните обврски и ако по даденото предупредување во рокот утврден од работодавачот, работникот не го подобри своето работење, во случаите утврдени со колективен договор на ниво на гранка, односно оддел, односно на ниво на работодавач.
Во конкретниот случај, тужениот во одлуката само го навел законскиот член за откажување на договор за вработување без отказен рок, но не ја образложил основаноста на причината која го оправдува отказот, односно во одлуката не е конкретно и точно наведено поради кои причини на тужителот му се откажува договорот за вработување.”