Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.13/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 512.94 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 23, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.13/2019

„Имено, со одредбата од членот 104 став 3 од Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр. 62/05...27/16) која била во важност во спорниот период е определено дека писмената изјава за продолжување на работниот однос по навршување на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, работникот ја дава најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување, а за секое натамошно продолжување на договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена) работникот изјавата ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година.

Поаѓајќи од горенаведеното, при состојба кога тужителот на ден 30.03.2016 година навршил 64 години, во два наврати, и тоа на ден 27.11.2015 година и на ден 04.01.2016 година, до тужениот поднел изјава за продолжување на работниот однос, правилен е заклучокот на второстепениот суд дека оваа изјава е доставена во определениот рок, односно до 31.08.2016 година која е тековна година за продолжување на договорот за вработување. Оттука, оспорените решенија донесени од тужениот се незаконити и спротивни на смислата на членот 104 од Законот за работните односи во врска со членот 98 став 5 алинејата 6 од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15 и 5/16) од кои произлегува дека тужениот како работодавач бил должен да му го продолжи работниот однос на тужителот.

Врховниот суд на Република Северна Македонија, го ценеше наводот дека тужителот бил должен писмената изјава за продолжување на договорот за вработување да ја даде најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување за наредната година, но најде дека е неоснован. Ова од причина што овој дел од одредбата од горецитираниот став 3 од член 104 од Законот за работните односи се однесува на ситуација кога работникот кој веќе еднаш дал изјава за продолжување на договорот за вработување во тековната година кога ги исполнил условите за старосна пензија, бара од работодавачот да му го продолжи договорот за вработување и наредната година, а со оглед на прифатениот концепт во законот самиот работникот во согласност со своите можности да одлучи дали ќе бара продолжување на работниот однос.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.119/2019
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право