Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.69/2020

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 570.76 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 11, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.69/2020

„Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучувајки по ревизијата изјавена од тужителот наоѓа дека второстепениот суд погрешно го применил материјалното право кога го одбил тужбеното барање на тужителот поради следното:

Во конкретниот случај, спорно е применето материјалното право во однос на законскиот рок за продолжување на договорот за вработување на тужителот, дали треба да се примени член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи ("Сл. весник на РМ" бр. 113/14) или член 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи ("Сл. весник на РМ" бр. 120/18).

Според Врховниот суд на Република Северна Македонија, за продолжување на договорот за вработување до навршување на 67 години возраст, правилно првостепениот суд ја применил одредбата од член 104 која е пропишана со Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи ("Сл.весник на РМ" бр. 113/14).

Тужителот изјавата за продолжување ја поднел на 01.03.2018 година, согласно рокот пропишан во таа важечка одредба, која за секое понатамошно продолжување на договорот за вработување работникот ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на договорот за вработување во наредната година.

Имајќи во предвид дека во Уставот на Република Северна Македонија, во член 52 став 4 е предвидено дека законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните, второстепениот суд со примена на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи ("Сл. весник на РМ" бр. 120/18), ретроактивно ги применил одредбите за рокот за давање на изјавата за продолжување на договорот за вработување. Имено, измените предвидени со овој закон влегле во сила на 08.07.2018 година, па истите не можат да се применуваат за изминатиот период, туку само за регулирање на права и обврски кои настануваат по влегувањето во сила на законот.

По ова правно прашање Врховниот суд на Република Северна Македонија веќе има изразено ваков став во Пресудата Рев3бр.73/2019 од 20.5.2020 година.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.70/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право