- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 324.13 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 22, 2015
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.138/2014
„Имено, неспорен е фактот дека тужителот дал изјава пред медиумите во присуство на новинари во која изнесол податоци за тужениот и вработените, околу проблемите кои ги имале во АД М. Скопје поврзани со состојбите, а во врска со Колективниот договор, меѓутоа тоа го сторил во својство на синдикален претставник, како потпретседател на независниот синдикат, што значи изјавата ја дал не од негово лично име, туку во својство на претставник на синдикалната организација и како став на нејзините членови. Исто така, во решението со кое го откажал договорот за вработување не навел точен датум и време кога тужителот со своите дејствија сторил повреди согласно Законот за работни односи, што е еден од суштествените елементи на битието на дисциплинската повреда, кое нешто ја прави одлуката незаконита.
Според Врховниот суд на Република Македонија, во смисла на погоре изложеното, второстепениот суд донел правилен заклучок кога ја потврдил првостепената пресуда, согласувајќи се со причините изнесени во образложението на првостепената пресуда, наоѓајќи дека тужениот не доставил ниеден доказ дека претрпел некаква материјална штета. Оттука, правилно пониските судови нашле дека одлуката за откажување на договорот за вработување и налогот за привремено отстранување од работа се незаконити, од причина што тужителот не сторил кршење на работниот ред и дисциплина, па правилно постапиле кога истите ги поништиле како незаконити.
Врховниот суд на Република Македонија го ценеше ревизискиот навод дека со донесување на Колективниот договор на ниво на работодавач престанал да важи Правилникот за ред и дисциплина на работниците кај тужениот, но најде дека истиот е неоснован од причина што Правилниот за ред и дисциплина кај тужениот е статутарен акт, согласно член 34 став 2 алинеа 10 од Статутот и истиот не може да биде ставен вон сила со никаква одлука, најмалку со Колективен договор, а истиот бил во примена во времето кога е донесена одлуката за отказ.”