- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 496.35 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 29, 2017
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.124/2016
„(...) работните налози се поединечни акти донесени од второтужената, како раководно лице на тужителката, заради извршување на работни обврски и во смисла на член 9-а од Законот за работните односи и член 8 став 1 точка 1 од Законот за заштита од вознемирување на работното место, овие активности не се сметаат за вознемрување на работно место.
Во конкретниот случај во постапката не се докажало дека тужителката во периодот од 30.10.2013 година до 05.07.2013 година претрпела психичко вознемирување на работното место со негативно однесување од поединци или групи кои често се повторува. Тужителката со распоредување на одлуките била распоредена од работно место помошник на раководител на сектор на работно место раководител на одделение, и работните налози од 30.10.2013 година до 05.07.2013 година со кои тужителката била упатувана на работа во депонија се поединечни акти на работодавачот, а против одлуките, доколку сметала дека се незаконито донесени имала право на заштита, но тужителката не спровела таква постапка, не приговорила по истите, ниту приговорила по работните налози со кои била упатувана да извршува работни обврски.
Несоодветните работни услови за работа во депонијата не претставуваат негативно однесување на тужените, со кои директно врз тужителката е вршено психичко вознемуравање на работно место. Во таа смисла, судовите утврдиле дека на депонијата под истите услови работеле и други вработени од „Ч. з.“. Ниту еден од вработените не забелажал дека помеѓу тужителката и тужените постоел некаков конфликт ниту дека тужителката има посебен третман во смисла на дејствијата кои претставуваат психичко вознемирување на работното место.
Поаѓајќи од околноста дека тужителката посетувала обука во странство и учествувала во проект финансиран од ЈП „Ч. з.“ во врска со европските директиви за постапување со отпад и пристапните фондови на ЕУ, укажува дека тужителката имала обука за да ја врши таквата работа по која била испратена со работните налози, поради што произлегува дека издадени налози не претставуваат, ниту се издадени во насока за психичко вознемирување на тужителката.
Наводите во ревизијата на тужителката дека од материјалните и вербалните докази произлегло дека се исполнети елементите на вознемирување на работното место, дека тужителката не била вакцинирана и не ѝ била дадена соодветна заштитна опрема како превентива, се наводи кои по својата содржина се однесуваат на утврдената фактичка состојба и истите не беа предмет на оцена од овој суд. Ова од причина што согласно член 375 став 3 од Законот за парничната постапка, ревизија не може да се изјави поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба.”