Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.32/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 233.36 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 28, 2018
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.32/2017

„(...) правилно судовите го примениле материјалното право и согласно одредбите од член 14 став 2, член 62 став 1 точка 1, член 64 од Законот за работните односи, го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителот.

Со оглед да во конкретниот случај склучениот договор за вработување помеѓу тужителот како работник и тужениот како работодавец бил на определено време со определено важење на договорот, односно за временски период, Врховниот суд на Република Македонија се согласува со одлуката на пониските судови дека оспореното решение е правилно и законито донесено согласно одредбите од член 62 став 1 точка 1 и член 64 од Законот за работните односи, бидејќи изминал временскиот период за кое бил склучен договорот, односно подоцна анекс договорите.

Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека тужителот е изманипулиран од страна на тужениот и за да не плаќа придонеси го префрлил тужителот во друга фирма за да има здравствено осигурување, како и дека тужениот работниот однос неправилно го претворил од неопределено време на определено време, најде дека ваквите наводи не се од влијание за поинакво одлучување. Ова, од причина што во конкретниот случај предмет на оцена е законитоста на оспореното решение донесено поради истек на периодот за кој е склучен договорот, па како во случајот од материјалните докази произлегува дека тужителот кај тужениот засновал работен однос на определено време, по истекот на времето за кое бил склучен, правилно и согласно со член 64 од Законот за работните односи, го донел оспореното решение, со кое му престанал работниот однос на тужителот.”

Претходно Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.26/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право