- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 544.93 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 4, 2020
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев.3.бр.78/2019
„Правилен е заклучокот на пониските судови дека оспореното решение за откажување на договорот за вработување на тужителката е незаконито, односно спротивно на Законот за работните односи, како и Законот за агенциите за привремени вработувања. Видно од содржината на предметното решение, во истото е наведено само дека е донесено врз основа на добиено барање/известување од страна на работодавачот корисник, за престанок на работниот однос согласно член 15 став 2 од Договорот за отстапување на привремени работници склучен помеѓу работодавачот корисник и тужениот. Во член 15 став 1 од овој договор било предвидено, доколку работодавачот корисник не бил задоволен од работата и однесувањето на ангажираните лица, потребно било навреме, писмено да го извести тужениот, додека во став 2 од истиот член било предвидено дека договорот за вработување, тужениот или отстапениот работник можеле да го раскинат предвреме, со писмено известување од страна на работодавачот корисник. (...)
Во оваа насока правилно пониските судови постапиле кога утврдиле дека немањето финансиски средства за исплата не може да претставува основ за предвремено раскинување на договорот за вработување во смисла на член 15 од Договорот за отстапување склучен меѓу Општина В. како работодавач корисник и тужениот, особено што ниту во образложението на оспореното решение ниту во текот на постапката бил доставен доказ дека работодавачот корисник не бил задоволен од работата и однесувањето на тужителката како ангажирано лице. Тужениот немал законски основ за предвремено раскинување на договорот за вработување, ниту во решението ги образложил основот и причината за откажување на договорот за вработување во смисла на одредбите од член 72, член 74 и член 85 од Законот за работните односи.”