Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.27/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 254.27 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 17, 2015
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.27/2015

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови утврдиле дека во конкретниот случај се исполнети законските претпоставки за надомест на штета причинета од незаконит престанок на работен однос. Ова, ако се има во предвид утврдениот и неспорен факт дека со правосилна пресуда е поништено како незаконито решението за престанок на работниот однос на тужителот, па правилно пониските судови утврдиле дека со ваквото незаконито постапување тужителот претрпел штета во неисплатени и помалку исплатени плати и придонеси, поради што го задолжиле тужениот да му исплати на тужителот надомест на штета поради незаконит престанок на работниот однос за период од 06.01.2008 година до 30.01.2013 година, кога тужителот се вратил на работа кај тужениот. При определување на висината на штетата која ја претрпел тужителот, пониските судови се раководеле од изготвениот вешт наод и мислење од вешто лице.

Неосновани се наводите во ревизијата по однос на тоа дека пониските судови не го имале во предвид фактот дека тужителот во утужениот период бил вработен кај друг работодавач каде остварувал примања по основ на плата. Имено, неспорен е фактот дека тужителот за период од 04.08.2009 година до 18.01.2010 година како и во период од 01.02.2010 година до 30.01.2013 година работел кај други работодавачи, меѓутоа побарувањето на тужителот за овој период се однесува на разлика во плата и разлика во придонеси за пензиско и инвалидско осигурување што тужителот ги остварувал и оние кои би ги остварувал доколку бил на работа кај тужениот.

Наводите истакнати во ревизијата со кои се укажува дека неоснован е заклучокот на пониските судови дека тужителот има право на зголемување на износот на надомест на штета со процентот на пораст на трошоците за живот, без притоа да се прецизираат економските и пазарните вредности, начинот на кој е утврден износот како и параметрите на ревалоризираниот износ на порастот на животните трошоци според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија се неосновани. Ова од причина што, во текот на редовната постапка бил изведен доказ вештачење во кој има детална пресметка на пораст на трошоците за живот за утужениот период според која пониските судови го утврдуваат ревалоризираниот износ со пораст на животните трошоци и нивните коефициенти.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.36/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право