Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.161/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 267.02 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 25, 2016
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.161/2015

„(...) според наоѓањето на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови утврдиле дека во конкретниот случај се исполнети законските претпоставки за надомест на штета причинета од незаконит престанок на работен однос. Ова, ако се има во предвид утврдениот и неспорен факт дека со правосилна пресуда е поништено како незаконито решението за престанок на работниот однос на тужителот, па правилно пониските судови утврдиле дека со ваквото незаконито постапување тужителот претрпел штета во неисплатени плати и придонеси, поради што го задолжиле тужениот да му исплати на тужителот надомест на штета поради незаконит престанок на работниот однос за период од 01.06.2008 година до 15.06.2010 година, кога тужителот се вратил на работа кај тужениот. Воедно, при определување на висината на штетата која ја претрпел тужителот, пониските судови се раководеле од пресметката на плати и придонеси доставена од тужениот.

При одлучувањето, Врховниот суд на Република Македонија го ценеше ревизискиот навод на тужениот по однос на тоа дека тужителот нема право да бара надомест на штета за неисплатени плати, бидејќи во спорниот период не работел кај тужениот, меѓутоа го оцени како неоснован. Ова од причина што, во конкретниот случај станува збор за надомест на штета што тужителот како работник ја претрпува поради незаконит акт на работодавачот, поради што истиот е отстранет од работно место, односно спречен да остварува заработувачка. Во таа насока, штетата претставува начин на воспоставување на нарушената имотна состојба на тужителот, односно паричен еквивалент за тоа колку тужителот реално ќе остварел заработувачка ако за спорниот период останел на работното место и ги извршувал работните задачи. Дотолку повеќе што, во текот на постапката тужениот доставил пресметка за висината на неисплатените плати и придонеси за пензиско и инвалидско осигурување за спорниот период, по што тужителот го прецизирал тужбеното барање.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-329/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право