Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.206/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 528.16 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 17, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.206/2017

„Врховниот суд на Република Македонија најде дека надоместокот на штета што тужителот ја претрпел поради незаконитиот престанок на работниот однос бил правилно определен од страна на пониските судови, соодветно на висината на заработувачката што би ја остварил доколку тужениот не би го отстранил, поаѓајќи од исплатените плати кај тужениот на тоа или на соодветно работно место или соодветни задачи на кои работел тужителот пред престанокот на работниот однос. Оттука, тужителот има право на зголемување на утврдениот износ за надомест на штета со процент на пораст на трошоците за живот за целиот период за кој се бара надоместокот, за да не дојде до состојба досудените износи на изгубена заработувачка да не претставуваат надомест за стварно претрпена штета и да бидат обезвреднети под влијание на економските и пазарни промени. Ова од причина што, платата на работникот главно се троши за задоволување на животните потреби на работникот и семејството, а статистички порастот на животните трошоци согласно Д. з. ја олеснува можноста за утврдување на овој надомест, како и фактот дека постои зависност помеѓу движењето на платите и порастот на трошоците за живот, па согласно ваквиот начин на пресметка на надоместот, тужителот ќе биде доведен во приближно иста положба како и останатите работници кај тужениот, односно во положба во која би бил во тој период, доколку не бил незаконито остранет од работното место. При ваква состојба на работите, правилно пониските судови постапиле усвојувајќи го тужбеното барање на тужителот како неосновано.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1496/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право