- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 305.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 11, 2011
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.1222/2011
„Во конкретниот случај на тужителот му престанал работниот однос кај тужениот со решение за престанок на работен однос поради истек на времето на кое бил склучен договорот за работа. Против ова решение тужителот поднел приговор, затоа што тужениот не постапил според член 46 од Законот за работните односи, според кој работниот однос од определено време треба да се трансформира во работен однос на неопределено време. Тужениот со одлука бр.04-362/2 од 20.09.2005 година го одбил приговорот на тужителот како неоснован, по што е заведен предетниот спор.
По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно е стојалиштето на пониските судови дека работниот однос на тужителот му престанал под услови, на начин и во постапка согласно Законот за работните односи. Имено, согласно член 64 од Законот за работните односи, договорот за вработување на определено време престанува да важи со изминување на рокот за кој бил склучен, односно кога договорената работа е завршена или со престанување на причината заради која бил склучен. Во конкретниот случај, договорот за вработување на тужителот на определено време престанал да важи со изминување на рокот за кој бил склучен, односно на 29.08.2005 година, поради што и решението на тужениот за престанок на работниот однос на тужителот е правилно и законито.
Неоснован е и наводот во ревизијата дека судовите требало да го применат членот 46 од Законот за работните односи и да извршат трансформација на работниот однос на тужителот од работен однос на определено време во работен однос на неопределено време, од причина што во конкретниот случај тужителот немал поминато 4 години на работа кај тужениот, од влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на РМ“ бр.25/03), односно од 17.04.2003 година, од кога е воведен институтот за трансфорамација на работниот однос.”