Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.127/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 304.29 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 9, 2018
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.127/2017

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога, повикувајќи се на член 62 и член 78 од Законот за работните односи, го усвоиле тужбеното барање на тужителите и ги поништиле како незаконити решенијата за откажување на договорот за вработување.

Имено, тужениот како работодавач, при донесување на одлуките за отказ на договорот за вработување на секој од тужителите од ден 20.12.2011 година, им предложил склучување на нови променети договори за вработување, по кои тужителите морале да се изјаснат во рок од 15 дена од приемот на понудата, од што произлегува дека постапил во согласност со одредбата од член 78 став 1 и 2 од Законот за работните односи. Меѓутоа, како тужителите не се изјасниле по понудените променети договори за вработување, ниту ги оспориле одлуките за отказ на договорот за вработување, тужениот на ден 26.01.2012 година, ги донел решенијата кои се предмет на тужбеното барање. Во насока на наведеното, а видно од содржината на оспорените решенија, на тужителите им престанал работниот однос единствено поради неприфаќање на новиот понуден договор за вработување со кој се променува работно место на тужителите. Имајќи предвид дека неприфаќањето на новиот променет договор за вработување само по себе не претставува основ за престанок на работниот однос во смисла на одредбите од Законот за работните односи, по наоѓање на овој суд правилен е заклучокот на пониските судови дека побиваните решенија не се донесени во согласност со закон. Наведеното, дотолку повеќе што тужениот не ја испочитувал и не ја запазил во целост постапката, предвидена со одредбата од член 75 од Законот за работните односи, при врачување на одлуката за отказ на договорот за вработување на секој од тужителите од ден 20.12.2011 година, со новиот променет договор.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.48/2017
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право