- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 569.50 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 24, 2020
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.59/2019
„Во конкретниот случај имајќи го предвид утврденото, според Врховниот суд на Република Северна Македонија, произлегува дека тужениот не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот. Ова особено што ниту во изреката ниту во образложението на оспорената одлука за отказ на договорот со предлог за склучување на нов променет договор за вработување од 27.04.2018 година, не е наведено за кое работно место на тужителот му е дадена понуда за склучување на нов променет договор, ниту во образложението е наведено кое е упразнетото работно место кое му се понудува и зошто од бројот на извршители кој е намален од 12 на 5 токму на тужителот му се откажува договорот за вработување. Исто така согласно утврденото во одлуката ниту е наведено, ниту со останатите докази тужениот докажал дека се примениле одредени критериуми по кои би се утврдило зошто токму на тужителот му престанал работниот однос, иако на истото работно место имало и други вработени.
Првостепениот суд во својата одлука дал доволно јасни и образложени причини за околностите поради кои смета дека тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката за откажување на договорот за вработување е основано, а оспорената одлука е незаконита, односно дека тужениот не ја докажал основаноста на одлуката за откажување на договорот за вработување со предлог на нов променет договор за вработување во смисла на член 72 и 78 од Законот за работните односи. Во однос на одбиеното тужбено барање правилен е ставот на првостепениот суд дека со укинување на оспорената одлука со кое му е понуден нов договор за вработување, потпишаниот нов договор нема правно дејство и работниот однос на тужителот е вратен во состојба пред дадениот отказ, а тужениот, согласно поставеното тужбено барање е задолжен да го врати тужителот на поранешното работно место ракувач со градежна машина и понудениот нов договор нема правна сила.”