- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 571.27 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 16, 2019
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.62/2019
„(...) во случај на откажување на договор за вработување со истовремено склучување на нов променет договор за вработување работодавачот е должен да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и неговата понуда на нов променет договор за вработување. Од таа причина работодавачот има обврска да докаже дека по склучување на договорот за вработување на работникот настапиле одредени околности поради кои работодавачот повеќе не е во можност да му ги довери на работникот истите работи на истото работно место, или дека на работникот повеќе не може да му понуди натамошно исполнување на правата и обврските утврдени со договорот за вработување поради новонастанати услови и околности кај работодавачот.
Поаѓајќи од околноста дека случајот во одлуката за откажување на договорот за вработување со нов променет договор за вработување, тужениот не дал доволно јасни, образложени, оправдани и објективни причини за откажување на договорот за вработување и со истовременото понудување на нов договорот за вработување на тужителот на ново работно место, туку само паушално е наведено дека на тужителот му се откажува договорот за вработување и му се понудува нов договор за вработување, поради неопходна потреба во процесот на работа, без конкретно да се наведе во што се состои со закон пропишана оправдана причина, Врховниот суд на Република Северна Македонија, смета дека тужениот не ја докажал основаноста и причините за откажување на договорот за вработување, поради што, смета дека правилно првостепениот суд ја поништил како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување со понуда на нов променет договор од 09.02.2018 година.”