- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 514.79 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 20, 2019
- Последна промена ноември 5, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.134/2018
„Врховниот суд на Република Северна Македонија наоѓа дека врз основа на вака утврденото, правилно пониските судови го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот и утврдиле дека на тужителот незаконито му престанал работниот однос. Ова, од причина што заклучиле дека одлуката со која на тужителот му е откажан договорот за вработување поради неприфаќање на договор за вработување е спротивна на член 78 од Законот за работни односи, па истата не е донесена во согласност со законот.
Согласно член 62 од Законот за работните односи, договорот за вработување престанува да важи со изминување на времето за коешто бил склучен; со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице); поради престанување на работодавачот согласно со закон; со спогодбено раскинување; со отказ; со судска пресуда и во други случаи утврдени со закон.
Согласно член 78 став 1 од истиот закон, одредбите на овој закон што се однесуваат на откажување на договорот за вработување, се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува договорот за вработување и на работникот истовремено му предлага склучување на нов променет договор за вработување, додека според став 2 од истиот член, работникот мора да се изјасни за новиот променет договор за вработување во рок од 15 дена од денот на приемот на понудата.
Во конкретниот случај, правилно заклучиле пониските судови дека иако тужениот се повикал на членот 78 од Законот за работните односи, не се исполнети условите за негова примена. Пред се, затоа што работодавачот не го откажал договорот за вработување на тужителот со истовремено понуден нов променет договор за вработување на тужителот по кој тој требал да се изјасни. Воедно, како што констатирале пониските судови, според Законот за работните односи не е предвидено откажување на договорот за вработување поради неприфаќање на новиот променет договор.”