- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 211.84 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 9, 2017
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.1/2016
„Од причина што тужениот не ја докажал основаноста и законитоста на одлуката со која на тужителот му е откажан договорот за вработување со отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски, односно не докажал дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека судовите правилно го примениле материјалното право усвојувајќи го тужбеното барање на тужителот и ја поништиле како незаконита одлуката за откажување на договорот за вработување.
Судот при одлучувањето ги ценеше наводите во ревизијата дека тужениот при откажување на договорот за вработување на тужителот согласно член 73 од Законот за работните односи, му доставил на двапати писмено предупредување за неисполнување на обврските, дека согласно член 72 од Законот за работните односи, одлуката содржела образложение и причини за откажување на договорот за вработување, но најде дека истите не се од влијание за поинакво одлучување.
Имено, судот во постапката правилно ја утврдувал основаноста и законитоста за донесување на оспорената одлука за откажување на договорот и ги утврдувал причините за повредата на работниот ред и дисциплина, при што од доказите е утврдено дека тужителот не ги сторил повредите на работниот ред и дисциплина, поради кое му е откажан договорот за вработување.”