Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.3/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 338.42 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 16, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.3/2016

„(...) според Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога го усвоиле тужбеното барање на тужителката и ги поништиле како незаконити одлуките за престанок на работен однос и ја вратиле тужителката на работа кај тужениот, при што дале доволно образложени и аргументирани причини со кои се согласува и овој суд.Ова од причини што, по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови заклучиле дека во случајов не се исполнети законските услови за престанок на работен однос без отказен рок предвидени во член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, бидејќи тужителката за спорните денови 9-ти, 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14-ти ноември 2012 година, го оправдала своето отсуство од работа. Ова произлегува од изведените докази во текот на постапката, а особено од Извештајот за привремена спреченост за работа бр. 4462, каде што е констатирано дека прв ден на спреченост на работа е од 01.10.2012 година, а за период од 01.11.2012 година до 30.11.2012 година поради болест, при што за овој суд несомнено произлегува дека се работи за континуирано боледување на тужителката. Оттука, при состојба кога станува збор за континуирано боледување на тужителката, произлегува дека истата не ги прекршила работниот ред и дисциплина во смисла на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, поради што спорните решенија за престанок на работен однос се незаконити.

Врховниот суд на Република Македонија, ги ценеше наводите во ревизијата на ревидентот дека пониските судови воопшто не утврдиле дали и кога тужителката до тужениот доставила боледување за периодот по 08.11.2012 година, што било клучно за донесување правилна и законита одлука, односно не утврдиле дали тужителката за боледувањето за периодот од 09.11.2012 година до 30.11.2012 година го известила тужениот во законскиот рок од 48 часа, но најде дека не се од влијание за поинакво одлучување. Ова од причини што во случајов, видно од спорните одлуки за престанок на работен однос на тужителката, истите се донесени врз основа на член 82 став 1 точка 1 од Законот за работни односи, при што судовите во ваквите постапки расправаат само за правната квалификација на отказот и постоењето на причините кои се наведени во одлуките за отказ. Оттука, фактот дали тужителката го известила тужениот во рокот од 48 часа или не, не од влијание во оваа постапка, бидејќи отказот на тужителката не и е даден со отказен рок врз основа на член 81 став 1 точка 6 од Законот за работните односи, што претставува поинаква правна квалификација од онаа во предмениот спор и произведува поинакви правни последици за странките. Од друга пак страна, како што прифатиле и пониските судови, наводот дека тужителката не се јавила на работа на 09-ти, 10-ти, 11-ти, 12-ти, 13-ти и 14- ти ноември 2012 година е произволна оценка на тужениот, која пак не е поткрепена со соодветни докази, а што е и спротивно и на одредбите од член 71, 72, 77 став 1 т. 3, како и член 85 од Законот за работните односи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-413/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право