Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.9/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 263.71 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 23, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.9/2018

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно пониските судови утврдиле дека решението донесено од тужениот за откажување на договорот за вработување на тужителката поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок бр.0402-183 од 06.08.2015 година, според својата форма и содржина не е согласно одредбите од Законот за работни односи. Ова од причина што во спорното решение конкретно не се наведени дејствијата со кои тужителката ги сторила повредите на работниот ред и дисциплина, односно нема образложение за основот и причините за откажување на договорот за вработување, а со кои би се оправдала законитоста на донесениот отказ.

Оттука, според овој суд правилно пониските судови по однос на непочитувањето на работниот ред и дисциплина, а посебно поради непостапување по писмени налози за извршување на конкретни задачи кои на тужителката и биле дадени од управителот, особено непостапувањето по налогот од ден 23.05.2015 година, како и недоразбирањето од ден 04.08.2015 година, утврдиле дека тужениот во текот на постапката не приложил ниту еден писмен налог упатен кон тужителката во врска со нејзините работни задачи, ниту пак приложил докази од кои би се утврдило дека поради непостапување на тужителката по писмениот налог на тужениот, настанала штета за друштвото или истото трпело поради нејзин пропуст при работата. Во контекст на наведеното судовите утврдиле и дека самата тужителка не негирала дека исплатила повеќе пари по дадена фактура, притоа појаснувајќи дека на профактурата не пишувало, односно немало назнака „исплати 50%”, како и дека ваквиот пропуст не е доволна причина да се даде отказ на работник, дотолку повеќе што истата може да се поправи без притоа да се нанесе штета на фирмата.

Понатаму, правилен е заклучокот на судовите дека тужениот не приложил доказ било дали е вербален или материјален, односно не приложил ниту еден меил од што би се утврдило дека тужителката ги пречекорила своите права и овластувања и издавала деловни тајни на фирмата, односно пренесувала информации за работодавачот на својот сопруг, а по однос на непријатната ситуација од 04.08.2015 година на состанок одржан поради обид и обврска на тужителката за претходниот договор, судовите правилно утврдиле дека повторно нема ниту еден доказ ниту е извршен распит на сведок предложен од тужениот кој би посведочил за навредите насочени кон управителот на тужениот од страна на тужителката и нејзиното насилничко однесување.

При ваква состојба на работите, според Врховниот суд на Република Македонија правилно судовите застанале на стојалиште дека тужениот согласно товарот на докажување не докажал дека тужителката ги сторила повредите кои и се ставаат на товар, па оттука спорното решение е незаконито бидејќи нема основана причина согласно законските одредби од Законот за работните односи.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-848/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право