- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 296.76 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 4, 2013
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.13/2012
„(...) пониските судови го усвоиле тужбеното барање на тужителот притоа наоѓајќи дека престанокот на работниот однос на тужителот бил незаконит од причина што на критичниот ден во возот во кој тужителот бил кондуктер, немало ревизија, а лицата кои изјавиле дека вршеле ревизија биле неовластени, ревизијата не ја извршиле согласно прописите на тужениот, ниту пак тужениот докажал дека бил направен попис на картите кои тужителот ги издал критичниот ден, претрес на тужителот и констатирање дека има вишок пари или карти.
По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога нашле дека тужбеното барање на тужителот е основано.
Основан е ревизискиот навод на тужениот дека тужителот неспорно постапил спротивно на Правилата на работниот ред и дисциплина точка 10 и 32 на тужениот, Упатството 161 и СТ - тарифа за превоз на патници. Имено, тужителот при сослушувањето на Записник на ден 21.10.2008 година со својата изјава посредно признал дека ја сторил повредата притоа барајќи да му биде опростено. Основан е и ревизискиот навод на тужениот дека во конкретниот случај воопшто не се работи за спроведување класична ревизија, туку се работи за еден вид прикриена контрола од страна на тужениот со цел да се откријат злоупотребите од страна на поедини кондуктери. Инаку, истата контрола била извршена на повеќе возови, односно релации, а не само во возот во кој тужителот бил кондуктор во критичното време.”