Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.55/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 560.28 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 18, 2018
  • Последна промена ноември 5, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.55/2018

„По наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, правилно второстепениот суд го применил материјалното право и согласно одредбите од член 101 став 3 од Законот за работните односи, утврдува дека во конкретниот случај не постои дискриминација од страна на тужениот спрема тужителката, односно нееднаков третман по однос на личен статус, семејна и брачна состојба, односно бременост. Ова од причина што согласно утврденото прекинувањето на работниот однос на тужителката е поради истекот на времето за кој бил склучен последниот договор за вработување кој бил со важност на определено време и дека дискрeционо право е на работодавачот дали ќе го продолжи договорот за вработување со тужителката или не, односно зависи од волјата на договорните страни што во конкретниот случај е меѓу тужителката како работник и тужениот како работодавач.

Неосновани се наводите во ревизијата на тужителката дека одредбата од член 101 став 1 од Законот за работните односи, го спречува престанокот на договорот за вработување склучен на определено време, дека тужениот го повредил правото на тужителката и е доведена во прашање правната сигурност на бремените работнички на кои договорот за вработување им се продолжува на определено време.

Имено, иако со член 101 ставот 1 од Законот за работните односи, е предвидено дека работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот за време на бременост, раѓање и родителство, со ставот 3 од истиот член е предвидено дека околностите од ставот 1 не го спречуваат престанокот на договорот за вработување склучен на определено време, со истек на времето за кое тој договор е склучен.

Со оглед да во случајот престанокот на работниот однос е поради истекот на времето за кој е склучен последниот договор за вработување на определно време, а имајќи ја предвид погоре цитираната законска одредба, произлегува дека во случајот не е повредено правото предвидено во ставот 1 од член 101 од Законот за работните односи.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-707/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право