Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.19/2017

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 257.06 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 24, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.19/2017

„(...) по наоѓање на Врховниот суд на Република Македонија, пониските судови правилно го примениле материјалното право кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот, повикувајќи се на одредбите од член 1 став 2, член 3, член 12, член 30 став 1, член 31, член 34, член 72, член 74, член 76, член 82 став 1, член 85, член 86 од Законот за работните односи и член 1 и член 37 од Законот за изменување на Законот за јавните претпријатија и член 9, член 21, член 30, член 31 од Правилникот за работа во Одделението за наплата на патарина кај тужениот.

Имено, ако се има предвид утврденото дека тужителот не евидентирал возило (неговите регистраски таблици) кое не платило патарина во програмот за наплата на патарина и за истото не го известил одговорниот сменоводител, на возило од трета категорија кое уредно плаќа патарина не му издал фискален билет, туку извадил фискален билет за помала категорија (прва категорија) кој не му го дал, туку го препродал на друго возило, правилен е заклучокот дека со преземените дејствија, тужителот постапил спротивно на член 9 од Правилникот за работа во Одделението за наплата на патарина кај тужениот, каде е предвидено дека референтот инкасант во текот на работното време е должен при наплата на патарина задолжително да издава фискална сметка и истата да ја отпечати од фискалниот апарат во моментот на наплатата, при извршувањето на своите задачи да се воздржува од сите постапки кои со оглед на природата се штетни и би ги повредиле интересите на тужениот, своите работни задачи да ги врши совесно, навремено, пристојно и непристрасно и член 20 од Правилникот каде било утврдено дека за секоја извршена наплата на патарина, готовинска или со банкарска картица, се издава билет - фискална сметка според категоријата на возила, при што референтот е должен наплатата да ја врши со целосно внимание и е одговорен за истото. Воедно, тужителот не постапил согласно член 21 од наведениот Правилник, односно истиот не го пријавил вишокот на пари што произлегол од наведениот начин на работа, со што на тужениот му причинил материјална штета.

Во насока на наведеното, по наоѓање на овој суд правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителот ја сторил повредата која му се става на товар со решението за откажување на договорот за вработување, односно дека со неговите дејствија сторил повреда на работните обврски на потешко кршење на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски од член 31 од Правилникот за работа во Одделението за наплата на патарина кај тужениот, во врска со член 82 став 1 точка 5 од Законот за работните односи.

Тужителот во ревизијата наведува дека пониските судови погрешно го примениле материјалното право кога прифатиле дека донесената одлука за отказ на тужениот е правилна и законита, повикувајќи се на известување бр.02-45/1 од 03.01.2014 година, кое не може да се смета како предупредување за отказ согласно одредбата од член 73 од Законот за работните односи. Овој суд го оцени како неоснован ваквиот навод, со оглед да истиот бил истакнат во текот на постапката и ценет од страна на пониските судови кои образложиле дека наведеното Известување било доставено до сите вработени во наплатните станици во кое било наведено дека доколку истите сторат прекршок, односно кражба или предизвикаат штета на тужениот ќе добијат отказ на договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-139/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право