Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.19/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 303.79 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 12, 2018
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.19/2018

„(...) имајќи ги предвид одредбите од член 82 став 2 од Законот за работните односи и член 23 став 1 алинеја 5, 7 и 15 од Колективниот договор на ниво на работодавач, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право, кога го одбиле како неосновано тужбеното барање на тужителот за поништување на одлуката за отказ.

Притоа, пониските судови образложиле дека тужителот постапил спротивно на работните обврски, односно истиот не смеел да ги задржи паричните средства кај себе, туку бил должен истите да ги пријави кај тужениот, особено ако се има предвид утврденото дека вршел работни задачи на работно место трезорист, во кои спаѓало и следење на состојбата на паричните средства на банкоматите. Со оглед да со превземените дејствија, тужителот го злоупотребил даденото овластување и со своето однесување креирал лоша репутација на банката, според овој суд, правилен е заклучокот на пониските судови дека тужителот ја сторил повредата што му се става на товар со одлуката со која му се откажува договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок.

Врховниот суд на Република Македонија при одлучувањето ги имаше предвид ревизиските наводи на тужителот дека пониските судови при одлучувањето се повикале на одредбите од член 23 став 1 алинеја 5, 7 и 15 од Колективниот договор на тужениот, без притоа да утврдат дали истиот како материјално правен акт е во правна сила, за да може по истиот да се донесуваат одлуки што се однесуваат за ограничувањето на правата на работниците, но истите ги оцени како неосновани.

Имено, во смисла на одредбата од член 1 од Законот за работните односи, покрај со Законот, работниот однос помеѓу работникот и работодавачот кој се воспоставува со склучување на договорот за вработување, се уредува и со друг закон, колективен договор и договорот за вработување. Воедно, со членот 82 став 2 од истиот закон, е предвидено дека со колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок. Во оваа насока, со оглед да со Колективниот договор на тужениот се утврдени случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, за кои на тужителот му се откажува договорот за вработување без отказен рок, произлегува дека побиваната одлука е законита. Впрочем, истиот став во однос на кршење на работниот ред и дисциплина, кои како случаи се предвидени со Колективниот договор на тужениот, Врховниот суд на Република Македонија го изразил и во одлуката Рев3.бр.62/2017 од 26.04.2018 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1716/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право