- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 229.91 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 3, 2016
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.22/2015
„(...) пониските судови правилно заклучиле дека тужбеното барање на тужителката е неосновано, наоѓајќи дека истата постапила спротивно на работните обврски, со што биле сторени повреди на член 30 став 1 и член 34 од Законот за работните односи, член 15 став 1 точка 1, 2 и 6 од Колективниот договор на друштвото и член 7 став 1 точка 1 и 3 од договорот за вработување и функционалниот опис бр. 10. Имено, во конкретниот случај судовите заклучиле дека тужителката несовесно, ненавремено и неквалитетно ги извршувала своите работни задачи, извршувајќи промена на состојбата на тарифата во фактури и сторнирање на фактури за потрошена електрична енергија на потрошувачите во систем. Ова, дотолку повеќе што тужителката не негирала во својот исказ дека вршела сторнирање и префактурирање, иако немала дозвола од координаторот за отчитување, а истото било потребно. Оттука правилно постапиле пониските судови кога утврдиле дека правилно тужениот и го откажал на тужителката договорот за вработување, согласно член 81 став 1 точка 1, 2 и 3 од Законот за работните односи.
Врховниот суд на Република Македонија се согласува во целост со причините дадени од страна на пониските судови, како и со тоа дека тужителката иако била запознаена со начинот на наплата на фактурите за потрошена електрична енергија од потрошувачите и раздолжување на наплатените парични средства, подолг временски период истата континуирано, несовесно, ненавремено и неквалитетно ги вршела работните обврски предвидени во договорот за вработување. Истата била запознаена со начинот на наплата на фактурите за потрошена електрична енергија, бидејќи имала соодветна обука во врска со начинот на работа за извршување на работните обврски кај тужениот и и било познато Упатството за корекција на фактури, меѓутоа таа работела спротивно на правилата утврдени во Упатството, односно без дозвола на координаторот за отчитување, вршела корекции на фактурите, иако немала обврска да врши наплата.”