Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.25/2016

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 234.69 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 22, 2017
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.25/2016

„(...) пониските судови повикувајќи се на член 71 став 2, член 72, член 82 став 1 точка 1, член 85 од Законот за работните односи и член 40 став 1 точка 1 од Колективниот договор на тужениот, нашле дека тужбеното барање на тужителот е неосновано и истото го одбиле како такво. Имено, пониските судови утврдиле дека тужениот ја донел одлуката за откажување на договорот за вработување без отказен рок повикувајќи се на наведените одредби и наоѓајќи дека договорот за вработување му е откажан на тужителот поради неоправдано отсуство од работа последователно три работни дена или пет работни дена во годината. Исто така, судовите заклучиле дека откако тужителот се вратил од боледување на 02.09.2013 година од 10.9.2013 година до денот на поднесувањето на пријавата од 23.09.2013 година не се јавил на работа, иако немал одобрено отсуство.

Врховниот суд на Република Македонија во целост се согласува со причините дадени во образложенијата на пониските судови, како и со тоа дека согласно наведените законски одредби тужителот го сторил предметното кршење на работниот ред и дисциплина, на начин што неоправдано отсуствувал од работа последователно три работни дена или пет работни дена во текот на годината, односно неоправдано отсуствувал од работа во периодот од деновите 10.09.2013, 11.09.2013, 12.09.2013, 13.09.2013, 16.09.2013, 17.09.2013, 18.09.2013, 19.09.2013, 20.09.2013 и 23.09.2013 година и по изминување на рокот за поднесување на пријавата и одлуката за поведување на дисциплинска постапка од 28.09.2013 година истиот не се јавил на работа, поради што тужителот ги сторил повредите во врска со работата кои му се ставаат на товар.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-562/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право