- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 300.42 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 7, 2018
- Последна промена ноември 6, 2024
Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.27/2017
„(...) Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека пониските судови правилно го примениле материјалното право кога го усвоиле тужбеното барање на тужителот и го поништиле како незаконито решението донесено на ден 15.07.2013 година, а кое тужениот го донел врз основа на пресудата на Врховниот суд на Република Македонија, со која не било мериторно одлучено и не било одбиено тужбеното барање за утврдување незаконит престанок на работниот однос од 2007 година, туку биле укинати првостепената и второстепената пресуда и предметот бил вратен на повторно судење пред првостепениот суд. Оттука, правилно постапиле пониските судови кога го поништиле како незаконито оспореното решение во кое како причина за престанокот на работниот однос е наведен основ кој не е предвиден во Законот за работните односи, бидејќи во конкретниов случај тужениот требало да сочека правосилно завршување на судската постапка за оценка на законитоста на решението за отказ од 30.10.2007 година.”