Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.29/2015

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 223.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 17, 2016
  • Последна промена ноември 6, 2024

Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.29/2015

„Врховниот суд на Република Македонија најде дека пониските судови правилно заклучиле кога утврдиле дека тужителот со тоа што ги одзел предметите од мигрантите, а не издал потврда, постапил спротивно на правилата и прописите на Министерството, согласно член 57 став 1 и 2 од Законот за полицијата. Исто така, тужителот постапил спротивно на член 2 став 1 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници во извршувањето на полициските работи, полициските службеници се должни да го чуваат својот углед, како и угледот на полицијата и на министерството. Оттука, овој суд заклучи дека правилно од страна на пониските судови е одбиено тужбеното барање на тужителот како неосновано.

Овој суд ги ценеше ревизиските наводи дека решението за отказ било донесено без никакви докази, ниту дека тужениот во текот на постапката пред судот докажал дека тужителот ги сторил повредите на работните обврски, но најде дека истите се неосновани. Ова, од причина што согласно изведените докази, врз основа на записниците за примање на пријави, потврда за привремено одземени предмети, записници за претрес и за препознавање на лица и предмети, правилно е утврдено дека тужителот постапил спротивно на правилата и прописите на министерството и за кршење на работниот ред, па тужениот правилно постапил согласно член 221 од Колективниот договор, без притоа да направи повреда на постапката при донесување на решението за откажување на договорот за вработување и на тужителот правилно и законито му бил изречен престанок на работниот однос, а истиот со ниту еден доказ не докажал дека не ја направил повредата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1034/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право